Контраст

Ако ме прашаат
Што значи тоа да те сакам
Не ќе знам да им одговорам
Затоа што и самата
Тоа не го разбирам.

Ти си мир и немир,
Бура и мирно море,
Крајот и почетокот
На се.

Плачам и се смеам,
Боли, но болката е слатка –
Е тоа е мојата љубов кон тебе.

Контраст –
На хартија, на небо,
Во ноти, во сите проклети моменти кога те нема.
Само изгревот и залезот
Знаат како ми е.

Контраст